Две 9-годишни деца вчера биле повредени на улицата „Алија Авдовиќ“ во Скопје кога во нив удрило патничко возило „Фолксваген туарег“.

Од МВР информираат дека несреќата се случила околу 13 часот.

-Патничко возило „Фолксваген туарег“, управувано од С.Р.(31) од Скопје, удрило во две деца-пешаци на возраст од девет години. Децата биле пренесени во градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде кај едното биле констатирани тешки телесни повреди, а кај другото телесни повреди – велат од МВР.

Извршен бил увид на местото и се работи на целосно расчистување на случајот.