Бугарски државјанин со фалсификувана возачка дозвола е приведен на Граничниот премин Табановце, информира МВР.

-На 03.01.2019 година во 21,15 часот на Полициската станица за Граничен премин Табановце, на излез од Р.Македонија, при извршена пасошка контрола на И.П.И.(40) од Бугарија кој бил со патничко моторно возило „пежо 406“ со бугарски национални ознаки, било констатирано дека возачката дозвола била фалсификувана- се наведува во соопштението на МВР.

Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.