По дојава од граѓанин во ППС Кичево, синоќа е пријавено дека во угостителскиот објект „Гурман“ на улица „Борис Кидрич“, е пронајден, прободен со нож, сопственикот на локалот М.С. (64) од Кичево.

Смртта е потврдена од Итната медицинска помош.

На местото на настанот излегла увидна екипа составена од полициски службеници и Основен јавен обвинител, информираа од СВР Охрид. З.А.