Осумнаесетгодишно момче денеска било нападнато со нож и ограбено во населба Железара.

Настанот се случил околу 18 часот во близина на „Жито Маркети“, еден од најпрометните делови на населбата, кога крадецот заканувајќи се со нож му го украл ланчето на момчето.

Очевидец вели дека напаѓачот избегал со мотор. Повикале Брза помош бидејќи момчето крварело.