Вработен во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, вчера на работното место со нож нападнал колешка.

-На 09.01.2019 во 14.48 часот Ш.Т. пријавила дека во канцеларија на ул.„Македонија“ на Агенција за аудио и аудиовизуелни услуги нејзиниот колега Н. З. почнал вербално да и се заканува, а потоа и се заканувал и со нож. Полициски службеници излегле на местото на настанот- велат од МВР.

По целосно документирање на случајот против Н.З. ќе биде поднесен соодветен поднесок.