Четириесет и тригодишен маж од неготинското село Долни Дисан е тешко повреден кога со ловечка пушка си нанел повреди. Според пријавеното, инцидентот се случил вчераутро додека го напасувал добитокот во атарот на селото. Човекот со тешки повреди итно бил донесен во итната медицинска помош

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од Полициската станица Неготино.

Од домот на П. Д. за понатамошна постапка биле подигнати ловечка пушка „баикал“ во калибар од 16 мм и дозвола за оружје и ловечка легитимација, двете на негово име. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.