Педесет и едногодишен маж со фалсификувана диплома од универзитет во Приштина, Косово, се вработил како професор по математика во основно училиште во Куманово.

Според информациите на МВР, С.З.(51) од Куманово набавил фалсификувана диплома од универзитет во Приштина со која се стекнал со квалификација „професор по математика“. Дипломата ја употребил во општинското основно училиште „Бајрам Шабани“ Куманово, каде склучил договор за работа и засновал работен однос на определено време.

До 2017 му биле изготвувани повеќе договори за работа на определено време, при што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од буџетот на Македонија, во износ од платите што му биле исплаќани од 1.12.2011 до 5.05.2017.

Против него е поднесена кривична пријава за „фалсификување исправа“.