Противпожарните екипи попладнево успеаја да го изгаснат пожарот кој изби во близина на бензинска пумпа во скопската населба Радишани.

Благодарение на брзата интервенција на пет пожарникарски екипи, спречено е ширењето на пламените јазици и поголема материјална штета.

Според информациите од терен, припадниците на противпожарната бригада пожртвувано се качувале на камиони, автомобили и на оградите во близина, со цел што побрзо да го спречат ширењето на огнот.

Пожарот изби во објект околу кој имаше бујна вегетација, а според изјави на очевидци истиот настанал од искра при сечење железо.

Граѓаните во паника ги преместуваа своите возила паркирани во близина на пожарот и бензинската пумпа, која поради навремната интервенција од службите, остана надвор од дофатот на огнот.