Тешко повреден 62-годишен маж од селото Мусинци-општина Новаци, откако вчера во него удрил автомобил на улицата Димитар Илиевски Мурато во Битола.

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош, а возилото го напуштило местото на настанот.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.