Во кумановската полиција вчера околу 13.30 часот бил пријавен тежок сообраќаен инцидент, со трагичен исход, кој се случил на булеварот Трета македонска ударна бригада.

Како што информираат од МВР, автомобил „форд фиеста“, со кумановска регистрација, управуван од 70-годишниот М.П, удрил во паркиран автомобил „сеат толедо“, со кумановски регистарски ознаки и во Т.М.(34), А.Љ.(50) и А.Х.(48), сите од Куманово, кои влегувале во возилото.

По незгодата тројцата биле пренесени во општата кумановска болница, каде што на Т.М. и А.Љ. им биле констатирани телесни повреди, а А.Х. им подлегнал на повредите.

Кумановската полиција извршила увид на местото на незгодата заедно со Јавен обвинител.