Двете деца кои синоќа беа оставени во автомобил во скопската населба Ново Лисиче и во моментов се во стабилна здравствена состојба, ќе бидат згрижени на безбедно место каде што ќе ја добијат потребната грижа од страна на социјалните работници.

Во наредниот период од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи ќе се преземат потребните мерки кои вклучуваат темелна проценка и разговори со родителите на децата а судот ќе одлучува дали ќе им биде одземено старателското право.

-Социјалните работници во разговор со децата додека тие беа хоспитализирани и во разговор со родителите проценија дека во овој момемнт е најдобро децата да бидат згрижени на безбедно место каде што ќе ја добијат потребната грижа. Во наредниот период ќе ги преземеме сите мерки потребни да се направи проценка дали родителите се способни да се грижат за децата и да се види дали постојат услови за одземање на старателското право. Во натамошната постака ќе постапува судот – вели директорката на „МЦСР“ Наташа Станојевиќ.

Братчето (4) и сестричката (7) се пронајдени во автомобил на паркиралиште во скопската населба Ново Лисиче, од страна на минувачи синоќа околу 22:00 часот. Набрзо била повикана полиција која ги скршила стаклата на колата и децата ги пренесле на детската клиника. Докторите утврдија стабилна здравстевна состојба и попладнево тие беа исписани од болницата.