Во полициската станица Дебар утрово бил пријавен напад со нож врз 47-годишниот Б. П., сопственик на угостителски објект во овој град.

Како што информираат од МВР, додека бил во сопствениот ресторан, 47-годишникот бил нападнат со остар предмет од едно лице.

Полицијата работи на расчистување на случајот.