Вкупно 13 сообраќајки се случија во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје, при што сопатник во патничко моторно возило загинал, а едно лице со тешки телесни повреди се здобило во две сообраќајки.

Во четири со полесни повреди се здобиле шест лица, а во седум била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеесет и четири возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престигнување и еден возач за не користење на заштитен шлем. Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 128 непрописно паркирани возила.

Од сообраќај биле исклучени седум возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 15 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и тројца почетници, како и едно технички неисправно возило и 15 нерегистрирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 79 возила.