Две лица на возраст од 19 и 20 години се здобија со тешки повреди во сообраќајна несреќа што се случи синоќа помеѓу три возила на магистралниот пат Штип-Делчево.

Во несреќата покрај возилата на овие двајца возачи, учествувало и трето возило со бугарски национални ознаки, управувано од Љ.И.(34) од Кочани, информираат од МВР.

Двајцата повредени биле пренесени во општата болница Кочани.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Виница.