Сообраќајна несреќа се случила вчера во Велес на улицата Вардарска, меѓу автомобил „нисан“, во кој имало и 10-годишно дете, и возило „фолксваген голф“ во кој имало и двајца сопатници.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на „голфот“, а останатите лица се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.