Сообраќајка со смртни последици се случи вчера на автопатот „Пријателство“, каде се судриле два мотоцикла и товарно возило влекач „МАН“ со полуприколка „Шмитз“, едниот мотоциклист им подлегнал на повредите, информира МВР.

-На 21.04.2019 година во 12.45 часот на автопатот „Пријателство“, атар на с.Ржаничино, Скопско, се случила сообраќајна незгода меѓу товарно возило – влекач „МАН“ со полуприколка „Шмитз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(54) од Скопје, мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Ѓ.(29) од Скопје и мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.М.(27) од Скопје- е наведено соопштението од МВР.

Во незгодата со повреди се здобиле возачите на мотоциклите. Со возило на итна медицинска помош тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде Б.Ѓ. им подлегнал на повредите, додека со тешки телесни повреди В.М. бил задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.