На улица „Ѓорче Петров” во Скопје вчера околу 18 часот, автомобил удри во пешак.

Од МВР информираат дека Ј.Ј.(51) од село Горно Јаболчиште, велешко, управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген Голф” со велешки регистарски ознаки, удрил во пешакот Х.Ш.(18) од Скопје.

По незгодата, со возило на брза помош, Х.Ш. била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот.