Сообраќајна несреќа се случила вчера попладне на магистралниот пат Градско – Прилеп, меѓу товарно моторно возило марка „даф“ со велешки регистарски таблички, управувано од Д.Ј. (39) од Делчево, како и патнички автомобил „ауди А8“ со американски регистарски таблички, управуван од Т.Р. (87) од Кавадарци.

Како што информира денеска портпаролот во СВР Велес Верољуб Додевски, во незгодата е причинета само материјална штета.