Во тетовската полиција синоќа околу полноќ било пријавено дека на регионалниот пат од Тетово за село Пирок, кај селото Камењане, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „бмв” и мотоцикл „зонг ненг”.

Како што информираат од МВР, и автомобилот и мотоциклот биле управувани од малолетници од Тетово, а во незгодата со тешки повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во тетовската Клиничка болница.

Полициска екипа извршила увид на местото.