Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат А4 Струмица-Радовиш, делница од Струмица до Василевска крстосница.

Во несреќата учествувале патничко возило „опел астра“, сопственост на правно лице, а управувано од Е.С.(55) од Скопје, во кое имало 11 мигранти од Пакистан, патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од С.Г.(34), со сопатник С.Г.(57), и двајцата од селото Градашорци и патничко возило „ауди“, управувано од Д.К. од Скопје, со тројца сопатници.

– Во незгодата загинал возачот на возилото „фолксваген пасат“, а со тешки телесни повреди се здобиле три лица, и тоа возачот и еден сопатник од возилото „опел астра“ и еден сопатник од возилото „фолксваген пасат“, додека со телесни повреди се здобиле пет лица сопатници во возилото „опел астра“ – информираат од полицијата.

Увид на лице место извршија Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.