Фото: Илустрација

Во доцните поладневни часови на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на село Зајас се случила сообраќајна незгода, во која учествувале три патнички возила, со кичевски две и тетовски регистарски ознаки едно возило.

Во незгодата едното ПМФ било марка фолксваген со кичевски ознаки, а на местото на сообраќајката интервенирала и екипа на ТППЕ Кичево за извлекување на еден од повредените. Пристигнало и амбулантно возило од кичевскатта болница за помош и транспорт на настраданите.

Инаку, на оваа релација во изминатите години и децении, се случиле голем број сообраќајки со повеќе жртви и значителна материјална штета. З.А.