На крстосница на улиците „Аминта Трети“ и „Орце Николов“ во скопско Дебар Маало утрово се случи сообраќајка несреќа во која има повредени лица. 

Се судрија автомобили „Фиат линеа“ и „Цитроен Ц3“. Повредените лица со возило на брза помош се пренесени на некоја од скопските болници.

На местото на несреќата е присутно возило и на Противпожарната служба. Сообраќајот привремено е во прекин.

Фото: МИА