Финансиската полиција соопшти дека акцијата во Љуботен се спроведува поради сомнение за сторени кривични дела криумчарење со акцизна стока и царинска измама.

– Управата за финансиска полиција во координација со Министерството за внатрешни работи спроведува акција за проверки на истото. Во интерес на истрагата не би можеле да споделиме подетални информации. Очекуваме и бараме соработка од граѓаните на реоните во кои се спроведуваат активностите, се во интерес на расчистување на случајот. Јавноста благовремено ќе биде информирана за исходот од преземените мерки и активности – соопштуваат од Финансиската полиција.