Постапката за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се очекува да започне утре во 11 часот на седницата на Советот на јавни обвинители.

Пред да започне седницата, Советот на јавни обвинители очекува да ги добие неопходните документи за предметот и треба да одлучи дали постапката за разрешување ќе ја отпочне преку Собранието или ќе биде назначен специјален обвинител од Специјалното јавно обвинителство.

Бидејќи истражната постапка на предметот „Рекет“ сѐ уште е во тек, седницата на Советот ќе биде затворена за јавноста.