Советот на јавни обвинители денеска ќе ја донесе одлуката за тоа дали ќе ја почне постапката за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која во моментов е во притвор за предметот „Рекет“ .

Претседателот на Советот на јавните обвинители, Коле Штерјев, на седницата која завчера траеше речиси осум часа, изјави дека не донеле одлука и продолжуваат денеска во 10 чааот.

-Советот работеше на разгледување на списите од предметот. Се работи за обемен предмет, за обемни списи, има многу прибавени докази, многу транскрипти – изјави Штерјев пред новинарите.

Сите списи требало да ги прочитаат и разгледаат членовите на Советот, рече претседателот на ова тело.

Тој појасни дека одлуката, каква и да е, треба да биде добро образложена.

Ако Советот почне постапка за разрешување, за тоа треба да го информира Собранието.

Поради разрешувањето на Јенава, поместена е точката за избор на заменик на Штерјев на позицијата претседател на Советот на јавните обвинители.