Претседателот Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со словенечкиот колега Борут Пахор.

– Во разговорот, претседателот Пахор во свое лично име и во име на граѓаните на Република Словенија изрази најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите во синоќешниот пожар во модуларната болница во Тетово и посака побрзо опоравување на повредените – информираат од кабинетот на Пендаровски.

Во разговорот претседателот Пахор изразил солидарност и истакнал дека Словенија е подготвена да понуди секаква помош доколку е потребна.

Помош по трагичниот настан во Тетово понуди и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изразувајќи сочувство за загубените животи.