Основен кривичен суд Скопје соопшти дека завршните зборови за за предметот за настаните од 27 април ќе се одржи на 1 јули.

– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека главната расправа за предметот со КОК бр. 2/20 поврзан со настаните од 27-ми април во Собранието на РСМ, на која е предвидено да бидат дадени завршните зборови, по претходна согласност на странките ќе се одржи на 1.7.2021 година во 10 часот – се наведува во соопштението од Судот.