фото илустрација

Пливач бил повреден од скутер во водите на Охридското Езеро, во близина на населбата „Езерски лозја“.

Како што соопшти полицијата, непознато лице вчера управувајќи скутер во водите на Охридското езеро кај населбата „Езерски лозја“, го повредило лицето Р.Д. (50) од струшкото село Ливада.

Според пријавата, Р.Д. пливал на околу 500 метри оддалеченост од брегот кај населбата „Езерски лозја“ кога бил удрен од скутер. Возачот на скутерот веднаш заминал и не му пружил помош на повредениот. Тој, со помош на друго лице бил пренесен во Општата болница во Струга.