Триесет и четиригодишна скопјанка била физички нападната и ограбена додека чекала на автобуска постојка информира полицијата.

Имено вчера околу 12.30 часот во СВР Скопје, З.М.(34) од Скопје пријавила дека на автобуска постојка на бул. „Никола Карев“ физички била нападната од едно лице кое ѝ одзело накит од вратот.

Полицијата извести дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.