Триесет и петгодишна скопјанка со автомобилот синоќа удрила во четири паркирани возила на улицата Ѓурчин Кокале во Скопје.

Во незгодата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Од МВР информираат дека полициски службеници извршиле увид на местото на несреќата.