Триесетидвегодишна скопјанка се лизнала и паднала од карпа при искачување на планината Кораб, соопшти МВР.

Вчера во 16.05 часот во полициското одделение Маврово, М.Г.(45) од Скопје пријавил дека при искачување на врвот „Махија Маде“ на планината Кораб, каде учествувале 14 планинари, М.П.(32) од Скопје се лизнала и паднала од карпа.

Со помош на другите планинари се спуштиле до село Грекај и со медицинско возило од Медицински центар Гостивар девојката била пренесена во Ургентниот центар во Гостивар, каде од страна на лекар ѝ биле констатирани повреди.