Педесет и двегодишна скопјанка била прободена со нож во пределот на стомакот по расправија со нејзиниот сопруг.

Како што информира МВР, утринава во 4:10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена П.В.(52) од Скопје со убодна рана во пределот на стомакот.

Од страна на полициски службеници биле преземени соодветни мерки и активности и утврдено било дека вчера околу 20 часот на улицата „Виничка“ при семејна расправија со нејзиниот сопруг Б.А.(64), тој со нож и нанел повреди. Потоа Б.А. со приватно возило ја однел П.В. во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде веднаш бил извршен оперативен зафат.

Осомничениот е приведен и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.