Скопјанка на возраст од 43 години во попладневните часови на 29 јануари во полиција пријавила дека била измамена за сума од 10.000 евра.

Според пријавеното, претходниот ден на домашниот телефон таа добила повик од женско лице, коe ѝ се претставило како ќерка ѝ, и ја известило дека направила сообраќајна незгода прашувајќи ја колку пари имаат дома.

Веднаш потоа разговорот го продолжил маж, кој на 43-годишната жена ѝ рекол дека ќерка ѝ во сообраќајна несреќа прегазила девојче од Албанија, кое починало, поради што ќерка ѝ треба да оди во затвор од пет до 15 години.

По тоа, според пријавата, лицето дошло пред нејзиниот дом по што загрижената мајка му дала 10.000 евра. Таа утврдила дека е измамена кога се слушнала со својата ќерка.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.