Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 47-годишниот В.С. од Скопје, поради обид за убиство.

Како што информираат од МВР, на 21 февруари годинава во семејниот дом пријавениот ја нападнал својата мајка А.С. и ѝ нанел тешки повреди, доведувајќи ѝ го животот во опасност.

Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот и во координација со Јавен обвинител пријавениот бил уапсен, спроведен и хоспитализиран во Психијатриската болница – Скопје.