Скопјанец ја нападнал својата сопруга пред очите на синот, додека биле пред угостителски објект.

– М.Џ.(29) од Скопје пријавила дека околу 21:00 часот, додека била заедно со нејзиниот син пред угостителски објект на ул. 23 Октомври во Скопје, пристигнал нејзиниот сопруг Ф.З.(28) од Скопје и физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.