Скопјанец вчеравечер се здобил со тешки телесни повреди откако со своето возило удрил во жардиниера на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје.

Како што информира МВР, патничко возило „Опел“ со бугарски национални ознаки, управувано од Г.Ѓ.(19) од Скопје, вчера во 21:18 часот удрило во бетонска жардиниера на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје. Од ударот со тешки телесни повреди се здобил Г.Ѓ., кој бил пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.