Скопјанец удрил во малолетно девојче на улицата Лазар Трповски по што го напуштил местото на несреќата.

Од МВР информираат дека станува збор за 28-годишник од Скопје, со иницијали Ш.Ф. кој управувал „бмв“.

– Малолетничката била пренесена во Градската општа болница Св.Наум Охридски, каде од лекар ѝ биле констатирани тешки телесни повреди – соопшти полицијата,

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.