Полицијата поднесе кривична пријава против 29-годишен скопјанец кој носел оружје со себе, без да има дозвола.

Според информациите на МВР, по претходно добиени оперативни сознанија од страна на полициски службеници од СВР Скопје, вчера околу 18 часот во населба Сингелиќ извршен е преглед врз лицето Б.А (29). Кај него бил пронајден пиштол кој го поседувал без дозвола, по што бил извршен претрес и во домот каде што престојува лицето.

Денеска против лицето Б.А е поднесена е кривична пријава во брза постапка за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.