Во полициската станица Центар синоќа било пријавено дека на скопскиот булевар „Кирил и Методиј“ едно лице скокнало од стан на втор кат.

Полицајци излегле на местото и било утврдено дека станува збор за 24-годишен скопјанец, кој од балконот скокнал во присуство на екипа на Итна медицинска помош која претходно пристигнала на местото.

Тој бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.