Триесет и осумгодишен скопјанец е пријавен дека се тепал со обезбедувањето во казино.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил синоќа пред казино на подрачјето на Чаир.

– По претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу пријавителот, вработен како обезбедување и Е.С.(38) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ – соопшти МВР.