На локалниот пат помеѓу селата Долно Лисиче и Горно Лисиче вчера попладне, се запалил автомобил во сопственост на М.Н.(29) од Скопје, информира МВР.

Според пријавеното, пожарот настанал додека скопјанецот работел на возилото, при што се здобил со изгореници.

-Пожарот бил локализиран околу 16.45 часот од екипа на Противпожарната единица, а М.Н. бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде му била укажана помош- соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.