При меѓусебна расправија синоќа дошло до физичка пресметка помеѓу гости во ресторан, при што едно лице е прободено со нож во пределот на стомакот, инфомрира МВР.

-На 24.02.2019 година во 15:05 во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект во населба Хиподром-Скопје, при меѓусебна расправија, Л.Ј.(64) од Скопје со нож во пределот на стомакот го прободел А.А.(39) од Скопје- е наведено во дневниот билтен на МВР.

А.А. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Л.Ј. бил приведен во Полициската станица Гази Баба, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.