Скопјанец пријавил во полиција дека насилно било одземено едногодишното дете на неговата ќерка.

Четириесет и тригодишениот маж од Скопје случајот го пријавил синоќа, откако околу 20.30 часот во неговиот дом дошол О.Е., по што меѓу нив настанала расправија за едногодишното дете, кое О.Е. вонбрачно го има со 18-годишната ќерка на пријавителот.

– Според пријавеното, О.Е го земал бебето и заминал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопшти МВР.