Вчера, во 15.40 часот, во СВР Скопје, А. А. (57) од Скопје пријавил дека околу 15.25 часот во автобус со бр. 35 на ЈСП, на автобуска постојка на булеварот Крсте Мисирков, бил истуркан од автобусот и физички нападнат од едно лице, кое се претставило дека е контролор во ЈСП. Се работи на расчистување на случајот, соопшти полицијата.