Четириесетгодишник од селото Шишево, скопско, бил донесен со повреди на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, по што починал. Од МВР информираат дека тој се повредил извршувајќи градежни работи на објект во изградба на булеварот „Борис Трајковски“.

Неколку часа откако бил примен во болницата, од страна на лекар била констатирана смрт.

Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за вештачење на Институтот за судска медицина.