Постар скопјанец бил пронајден без знаци на живот во базенот во комплексот Негорски Бањи, информираат од полицијата.

Настанот во полиција бил пријавен вчера од страна на доктор од Итна медицинска помош, кој пријавил дека во базенот во комплексот Негорски Бањи, имало машко лице, без знаци на живот и без видливи траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител излезено е на местото на настанот при што е констатирано дека починатото лице е Ш.К.(81) од Скопје.

По наредба на Јавен обвинител врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.