Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во болницата „Св.Наум Охридски“ бил донесен 20-годишник повреден од заскитан куршум.

Како што информираат од МВР, со повреди се здобил 20-годишниот Х.С. од скопското село Петровец, кого заскитаниот куршум го погодил на местото викано Бавчи.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.