Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвиниение против 41-годишен скопјанец поради сторено кривично дело – измама.

Обвинетиот во периодот од 6 мај 2020 година до 5 март годинава, во Скопје, со умисла извршил десет временски поврзани дејствија, односно повеќекратно повторување на исто дело, со намера за себе да оствари противправна имотна корист.

Тој довел и држел во заблуда десетмина оштетени, на кои лажно им прикажувал факти дека како агент за недвижности со своја Агенција, е овластен од име на сопствениците на станови да ги продава нивните станови на други лица. Обвинетиот ги огласувал становите и ги покажувал за продажба, со што ги навел оштетените да сторат штета на својот имот од поголема вредност.

Со четворица од оштетените, обвинетиот склучувал Договори за капар за станови во градба и наплатувал различни износи, но до Договори за купопродажба не дошло.

Со шестмина оштетени, обвинетиот склучувал Договори за капар и наплатувал различни износи за капарот, а потоа склучувал и Договори за купопродажба во кои без знаење на вистинските сопственици се потпишувал како „продавач“.​