Деветнаесетгодишен скопјанец синоќа по полноќ бил нападнат во Градскиот парк кај фонтаната на булеварот „Илинден“.

Според пријавеното, тој бил во друштво на А.М., и по претходно недоразбирање бил физички нападнат со стаклено шише од пет непознати лица.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.