Фото: Архива

Маж со своето возило удрил во паркиран автомобил, по што сопственикот на паркираното возило бил и физички нападнат. Ова се случувало синоќа во Центар, а од полицијата информираат дека оштетениот и оној кој го предизвикал сударот се знаеле од претходно.

– Вчера во 19.30 часот во СВР Скопје Н.Р.(31) од Скопје пријавил дека околу 14.30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, каде бил паркиран со патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, бил удрен од патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш., со кого се познавал од претходно. Според пријавеното, подоцна бил и нападнат со дрвени предмети од две лица кои биле во возилото – велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.